Skip to main content

Posts

Featured

Ни ја дадоа земјата, Хуан Рулфо

  Ни ја дадоа земјата По часови одење без да наидеш ни на сенка од дрво, ни на семе од дрво, ни на корен од нешто, се слуша лаежот на кучињата. Некој некогаш има помислено, среде овој неомеѓен пат, дека потаму нема ништо; дека ништо не може да се најде отаде, на крајот од оваа рамница, избраздена со пукнатини и суви корита. Но има, има нешто. Има село. Се слуша лаежот на кучињата и во воздухот се чувствува мирис на чад, и може да се насети оној мирис на луѓе ко да е надеж.   Но селото е уште далеку. Ветрот е тој што го носи поблиску. Дојдовме пеш, тргнати уште од зори. Сега е некаде четири часот попладне. Некој погледнува кон небото, ги крева очите до кај што сонцето стои виснато и вели: - Некаде е четири часот. Тој некој е Мелитон. Со него сме Фаустино, Естебан и јас. Четворица сме. Јас ги бројам: двајца напред, другите двајца одзади. Гледам зад мене и не гледам никого. Тогаш си велам: „Четворица сме.“ Пред некое време, околу единаесет, бевме дваесет и кусур, ...

Latest Posts

Антонио Мачадо