Антонио Мачадо



Патнику, не постои пат


Патнику, стапките твои

се патот, ништо повеќе.

Патнику, не постои пат,

патот во чекор се прави.

Во чекор се прави патот

и обѕрнувајќи се сал

се гледа пат што никогаш

повеќе не ќе се згази.

Патнику, не постои пат

само во морето бразди.


Comments